Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Како изгледа тунелот низ кој избега најголемиот криминалец на светот

Видео: Како изгледа тунелот низ кој избега најголемиот криминалец на светот

Репортерката на каналот “Russia Today” мина низ тунелот низ кој што мина и озлогласениот Ел Чапо Гузман при неговото бегство. Репортерката мина низ тунелот со должина од 1.5 километри. Тунелот чиј што почеток се наоѓа во неговата ќелија, водел до една зграда вон ѕидините на затворот, изјавил Монте Алехандро Рубидо, мексиканскиот комесар за национална безбедност на конференцијата за новинарите.

На интернет мрежата беше објавен и видео запис од бегството на нарко-босот. Видео записот ги прикажува последните моменти на кралот на дрогата во затворската ќелија и моментот во кој што тој се провлече низ дупката и исчезна.