Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаул(Видео) Како изгледа кога Руси ќе се степат во финале

(Видео) Како изгледа кога Руси ќе се степат во финале

Играчите на Локомотив Москва го освоија Купот на Русија, но финалниот меч против Урал во Сочи остана во сенка на тепачката што се случи во последните секунди од натпреварот.

Локомотив во времето на инцидентот водеше 2-0, па најтешко и падна на тимот на Урал кои влегоа во дуел со Фернандез, и во рок од неколку секунди се претвори во вистински хаос на теренот.

Откако страстите стивнаа, судијата покажа четири црвени картона. Џеферсон Фарфан и Ари добија кај Локомотив Москва додека во екипата на Урал поцрвенеа Фидлер и Манучарјан.