Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Како изгледа изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, целосна видео анализа

Видео: Како изгледа изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, целосна видео анализа

Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица е во тек. До септември се очекува северната и јужна граница на Македонија да бидат поврзани со целосен автопат.

Останува уште да се довршат градежните активности на делницата од Демир Капија до Смоквица која е во должина од 28,18 километри, се вели во анализата која регионалната телевизија Телеканал А1 Струмица ја направи за оваа делница. Во видеото во продолжение детално се објаснети сите сегменти од изградбата на автопатот, мостовите, тунелите. Одблизу ќе може да погледнете како се одвиваат градежните активности, но и како изгледа новиот автопат.