Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Како хрватската полиција апси жена која поминала на црвено светло

Видео: Како хрватската полиција апси жена која поминала на црвено светло

Полицијата од Осијек денеска соопшти дека оправдано употребиле сила врз 66-годишната жена. Настанот се случил вчера во центарот на градот околу 11 часот кога жената направила прекршок поминувајќи на црвено светло од семафорот. Од полициската камера се забележуваат вознемирувачки снимки каде жената најпрво не застанува на повиците на полицаецот и одбива да се одѕве по извршениот прекршок велејќи дека има доволно приватни проблеми и дека ништо не направила.

По ова полицаецот решава да ја приведе по секој цена ставајќи и лисици на рацете и при тоа легнувајќи ја земја, а хрватската јавност по овој случај го отвори прашањето дали ова го пропагира полицијата во ЕУ.

https://youtu.be/3ayLqn90QOQ