Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Југославија денеска ќе наполнеше 72 години – еве како Тито ја замислувал моќната федерација

Видео: Југославија денеска ќе наполнеше 72 години – еве како Тито ја замислувал моќната федерација

Денеска е 29 ноември, некогаш големиот празник на СФРЈ на кој оние кои живееа во Југославија со носталгија се сеќаваат. И покрај тоа што одамна ја нема, многумина се уште се прашуваат и коментираат кој е крив за распадот на таа силна држава која беше почитувана ширум целиот свет и каде се денес сите тие актери кои му кумувале на распадот на оваа светска сила. И денес, многумина ќе речат дека Титова Југославија ја сруши непријателот од страна и дека некој на кој не му одговарало да бида толку силна одлучил да умре. Вистината како и секогаш е тука некаде, во средината.
titoНа денешен ден пред 72 години во Јајце, БиХ е одржано Второто заседание на антифашистичкото собрание за народно ослободување на Југославија (АВНОЈ), на кое е донесена историска одлука за федерално здружување и на тој начин е поставен темелот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Со одлуката усвоена во Јајце формирани се државни органи на новата Југославија.
tito3На Второто заседание на АВНОЈ одлучено е новата Југославија да се гради на демократски принцип, како државна заедница на рамноправни народи и народности, а генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија и врховниот командант на Народно ослободителната војска, Јосип Броз Тито, е прогласен за маршал на Југославија. Денот на републиката се прославуваше два дена, со свечена академија во главните градови на сите републики.