Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Италија: Товарен авион ја промаши пистата и заврши на автопат

(Видео) Италија: Товарен авион ја промаши пистата и заврши на автопат

Карго авион на ДХЛ ја прелетал утринава пистата на аеродромот Орио ал Серио во Италија, а успеал да сопре дури откако ја пробил заштитната ограда и излегол на автопатот на кој во тој момент немало автомобили. Повредени при несреќата нема, информираа италијанските власти.

Инцидентот се случил околу четири часот наутро во Бергамо, во близина на Милано. Авионот летал од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, а во него биле пилот и копилот.

Аеродромот бил затворен речиси три часа по инцидентот, но во 7 часот наутро бил повторно отворен за сообраќај.