Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмос(Видео) Историски успех за НАСА: Џуно влезе во орбитата на Јупитер

(Видео) Историски успех за НАСА: Џуно влезе во орбитата на Јупитер

НАСА оствари голем успех-нејзината сонда Џуно, вредна 1,1 милијарда долари, успешно влезе во орбитата на Јупитер во рамки на мисијата за истражување на потеклото на Сончевиот систем.

Светските агенции пренесуваат дека серија на радио сигнали испратени од вселенското летало потврдиле дека маневарот за влез во орбитата е изведен како што било планирано, што предизвикало огромна радост и аплауз во лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена, Калифорнија.

Основната задача на Џуно е да го истражува Јупитер, откако ќе им овозможи на научниците да ја разгледаат планетата што е можно поблиску и подетално откога и да било.

Со влегувањето во орбитата, почнува 20- месечната мисија, од која научниците се надеваат дека ќе откријат колку вода има на Јупитер како и составот на јадрото на планетата, со што ќе дојдат до податоци како Јупитер се формирал пред повеќе милијарди години.