Tuesday, Apr 16, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВидео: Исландските фудбалери пречекани како Викинзи од поход

Видео: Исландските фудбалери пречекани како Викинзи од поход

Малата но, горда исландска нација со воодушевување и голема почест ги пречека назад фудбалерите кои беа апсолутен хит и најголемо изненадување на Европското фудбалско првенство во Франција.

Десетина илјади луѓе со громогласни аплаузи и скандирања ги поздравија фудбалските херои кои пред само три недели и речиси воопшто не беа познати на пошироката спортска јавност, а успеаа да надминат селекции како Португалија и Англија. Се што е вредно во фудбалот како спорт е прикажано во следната минута.