Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: ИСИС повторно удри по Кобане – напад од три страни

Видео: ИСИС повторно удри по Кобане – напад од три страни

Милитантите од Исламска држава повторно влегле во клучниот сириски град Кобане, детонирајќи бомбаш-самоубиец и борејќи се со курдските сили на улиците. Најмалку 8 луѓе се убиени, а 40 се ранети кога терористичката група го нападнала градот од три страни, откако наводно дошле од Турција преминувајќи ја границата.

ИСИС минатата година четири месеци се бореше за да го заземе овој пограничен град, но курдските борци возвратија на нападите, помогнати од воздушните напади на САД, и во јануари ја вратија контролата врз градот прогласувајќи симболичен пораз на џихадистите.
isis
Во следните неколку месеци, силите на Курдските единици за заштита на народот (ЈПГ) напреднаа од Кобане во провинцијата Алепо кон соседната провинција Рака, упориште на ИСИС. Во последниве неколку дена тие го зазедоа стратегискиот град Тал Абјад, исто така на границата со Турција, и тргнаа кон „главниот град“ на ИСИС во Сирија, Рака, во долината на Еуфрат, на југ.

Во обид да возврати, ИСИС ги зазеде позициите на сириската армија во напад врз североисточниот град Хасака, во исто време напаѓајќи го Кобане. Нападот врз Кобане, познато и како Аин Ал-Араб, почнал во текот на ноќта во близина на граничниот премин помеѓу градот и Турција.

Официјален претставник на курдски ЈПГ рекол дека борците на Исламска држава го нападнале градот од три страни.
„ИСИС детонираше автомобил-бомба во областа во близина на граничниот премин со Турција, при што загинаа најмалку пет лица“, изјави директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман.

„Избија жестоки судири во срцето на градот и на улиците лежеа тела“, додаде тој, без да даде конкретна бројка.
Велат Омер, лекар во Кобане, изјави дека околу 60 до 70 лица се повредени во најновите напади, од кои многумина се жени и деца.

Сириската државна телевизија изјави дека милитантите што го извршиле смртоносниот напад влегле во Сирија од Турција, но не наведе извор на информацијата. Турција остро ги негираше овие тврдења, велејќи дека фанатиците доаѓаат од сирискиот град Јараблус.

Сириската државна телевизија јави и дека милитантите од ИСИС ги избркале жителите на градот Ал Нашва во областа Хасака, на североистокот на земјата. Џихадистите ги избркале жителите од нивните домови откако во текот на ноќта презеле делови од градот од владините сили.