Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Инцидент во училиште во Албанија – претепано дете пред целото одделение

Видео: Инцидент во училиште во Албанија – претепано дете пред целото одделение

Албанија се соочува со голем проблем кога се во прашање насилствата во образовните установи. Иако се претставува како јавна тајна, како таква беше презентирана и неодамна со ова видео кое оддекна на социјалните мрежи и предизвика бурни реакција.

Видеото е снимено во училиштето “Gjon Ndoci” во селото Бушат кај Скадар и на него може да се види како наставничката го тепа својот ученик пред очите на целото одделение. Иако редовно се информираат центрите за социјална работа, очигледно е дека не се преземаат соодветни мерки.