Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошарка(Видео) Инцидент на натпреварот во Холивуд

(Видео) Инцидент на натпреварот во Холивуд

Во натпреварот кој се одигра синоќа во Стејплс центарот каде што Lос Aнџелес Лејкерс го пречека Милвоки Бакс, се случи инцидент на крајот на третата четвртина. Во контра напад 2 на 1 популарниот “Swaggy P“ ( Ник Јанг) тргна на забивање, при што следеше жесток фаулт на дебитантот Малком Брогдон.

Фаултот никако не и се допадна на публиката ни па на Јанг кој го турна младиот Малком, при што се вклучија сите присутни кога станува збор за инцидент. Најжесток во овој инцидент беше играчот на Бакс Грег Монро. Тој го започна непотребното туркање по теренот, но сето тоа го спречија судиите и тренерите кои беа доста прибрани и не дозволија ова да достигне до поголем хаос.

Од натпреварот беа исфрлени Јанг, Расел и Монро, а Лејкерси го загубија натпреварот со резултат 103-107.