Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенис(Видео) Игуана прекина тениски меч!

(Видео) Игуана прекина тениски меч!

Непоканет гост се појави на дуелот помеѓу Томи Хас и Јиржи Весели во рамките на Мастерс турнирот во Мајами. Наеднаш на таблата од семафорот се појави Игуана, кој сакаше од поблиску да го проследи одлучувачкиот трет сет.

Весели се исплаши, и додека еден од организаторите се обидуваше да му објасни како игуани не се опасни, искусниот Германец одлучи да си направи селфи со животното.

tomi-1000x555

“Не знам, можеби и тој сфати дека ова е мојот последен натпревар тука, па тој сакаше да дојде и да ме погледне мене како играм. Се на се, тоа беше забавно. Убаво од него што дојде на теренот, добив една интересна слика како спомен “, рече насмеано Томи Хас.