Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВидео: И Косово има Ајфелова кула

Видео: И Косово има Ајфелова кула

И Косово има Ајфелова кула. Копијата на симболот на Париз се наоѓа во селото Јањево во општина Липањ. Сместена е на брегот на вештачкото езеро Анија и до него неа се доаѓа со брод.Осветлена е исто како оригиналната кула.Изградбата ја почнал Беким Бислими но тој неодамна починал но му оставил аманет на неговиот син Блерим да ја доврши.

Косовската кула е висока 33 метри и 10 пати е помала од оригиналот. Секојдневно првилекува туристи кои сакаат да се фотографираат. Најчести посетители се млади парови кои сакаат пред Ајфеловата кула да ја овековечат својата љубов и за момент да се почуствуваат како да се во Париз.