Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Храбар потег за симнување на расистичкото знаме

Видео: Храбар потег за симнување на расистичкото знаме

Америка е погодена од серија на инциденти мотивирани од расна омраза и се создава ново движење за граѓански права кое бара еднаквост и стопирање на насилството. Најголемата битка не се води на улиците, туку во Сенатот на Јужна Каролина каде се уште се вее знамето на Конфедерацијата, кое за многумина е симбол на расизмот и ропството.

Белото население на Југот навистина покажа храброст и им се спротистави на расистите и членовите на ККК кланот кога беше најпотребно, но знамето кое потсетува на времето на ропството се уште не е забрането и покрај одлуката на гувернерот Ники Хејли да се отстрани. Чекањето на наводна дебата меѓу сенаторите наиде на потсмев и критики од граѓаните, па активистката Британи Њусом повеќе не сакаше да чека и го симна знамето на Конфедерацијата пред Сенатот.

Британи Њусом за овој потег беше уапсена, но граѓаните велат дека нејзиниот чекор бил храбар и е симболичен гест за прекин на повредување на достоинството на Афроамериканците.

conf flaf=g

Тешко е да се поверува дека САД, една од најстарите демократски држави, се уште има републики на Југот кои не се откажуваат од идејата за супремација на белата раса, а нивното старо знаме кое се користеше до граѓанската војна и поразот од „Јенките од Северот“ се уште е дел од државните институции. Исто така се одржа и протест на жителите на Јужна Каролина за подршка на знамето што може дополнително да ги вжешти односите меѓу населението.