Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Хорор на коцерт – застрелана млада ѕвезда, напаѓачот се самоуби

Видео: Хорор на коцерт – застрелана млада ѕвезда, напаѓачот се самоуби

Поранешна учесничка на американската шоу програма Војс, 22-годишната Кристина Грими, била застрелана синоќа во 22:45 часот по локално време на концерт во салата Плаза лајв во Орландо на Флорида. Грими во критична состојба била префрлена во локална болница, каде им подлегнала на повредите.

Полицијата соопшти дека мажот почнал да пука додека младата пејачка делела автограми, по што братот на пејачката се фрлил врз него, а напаѓачот се застрелал и умрел на лице место. Полициската истрага е сѐ уште во тек, а идентитетот на напаѓачот не е откриен. Тој носел два пиштоли со себе.

„Со тешко срце потврдуваме дека Кристина почина и замина да биде со Господ“, изјави публицистката на пејачката, Хедер Вајс.