Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Хидро лежалка – мора да ја имате

Видео: Хидро лежалка – мора да ја имате

Ако сте мислеле дека лежалките се релаксирачки, тогаш можете да ја замислите оваа лежалка која истовремено се претвара и во џакузи када. “Хидро лежалката” е новиот изум на “Kickstarter” кој потполно ќе ве воодушеви. Оваа иновативна лежалка може да се развлече лесно и брзо и да се наполни со 190 литри вода. Доволно е цврста за да издржи двајца и буквално може да се постави било каде.

Овој концепт го осмисли Бенџамин Фредерик од Орегон кој тврди дека неговиот изум е уште поудобен од обичното џакузи. “Ова е одличен вид на релаксација за било чиј двор, а лесно се носи и на кампување или на годишен одмор”, вели Бенџамин. Лежалката е направена од издржлив, водоотпорен материјал и има посебен систем за загревање на водата со чија помош за половина час може да се загреат до 100 литри вода.

“Хидро лежалката” може да се користи за одмор, забава и опуштање. Лесно се полни со вода од било кој извор, па дури и од океанот, раскажува Бенџамин. За сега може да се нарачаат верзии од оваа лежалка чии цени се движат од 260 до 390 долари, а покрај тоа може да се купи и пакет кој го сочинуваат пумпа, греач и вреќа за носење, а чини 920 долари.