Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Хаос во Атина – летаат солзавци и молотови коктели

Видео: Хаос во Атина – летаат солзавци и молотови коктели

Хаос во Грција, солзавци и молотови коктели летаа во центарот на Атина. Илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат против наметнатите мерки за штедење од ЕУ и ММФ. Овој национален штрајк, го свикаа главните синдикати во Грција во државниот и приватниот сектор.
GREECE-STRIKE/Денеска се затворени сите владини институции, болниците работат со неопходен персонал, јавниот превоз е сведен на минимум, а метрото и железничкиот сообраќај во Атина воопшто не работат. Во штрајкот учествуваат и новинари, а се затворени и музеите и археолошко туристичките локации.
GREECE-STRIKE/Полицијата во Атина проценила дека околу 24 000 луѓе се наоѓаат на улиците на престолнината. Во вториот најголем град Солун, демонстрантите ги заземале улиците и им се придружиле на своите сонародници во генералниот штрајк.
APTOPIX Greece Financial CrisisВо Атина се слушнала експлозија која одекнувала во градот, откако демонстрантите фрлиле бомба со бензин на полицијата на Плоштадот Синтагма. Полицијата пак, фрлила солзавец на насобраните луѓе.