Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВидео: Хаос на француското првенство – нападнати фудбалерите на Лион

Видео: Хаос на француското првенство – нападнати фудбалерите на Лион

Повторно инцидент со екипата на Лион. Неколку навивачи на Бастија ги нападнаа фудбалерите на Лион за време на загревањето на денешниот натпревар од француското првенство. Домашните фанови го нападнаа гостинскиот голман Метју Горгелан, а потоа и Мемфис Депај, кој сакаше да дели правда и да го одбрани својот колега. Натпреварот беше одложен за половина час, а потоа со консултација со судиите и органите за безбедност на стадионот, мечот започна.

Претходно во четвртокот на трибините на стадионот во Лион дивееја турските навивачи на Бешикташ, а потоа возвратија и домашните на Лион, па и тој меч се играше со одложен старт.