HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Груевски најави отворање на 100 нови детски градински

Видео: Груевски најави отворање на 100 нови детски градински

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, најави отворање на 100 нови детски градинки и ренофирање или пренамена на уште 40 објекти за згрижување на деца.

– На малите деца им се потребни градинки кои ќе бидат цврста основа за нивниот воспитно-образовен развој. Подеднакво важно е и да има повеќе капацитети кои ќе овозможат добра и квалитетна услуга во тие градинки. Пристапноста до градинки честопати има влијание и при носењето на одлуката на родителите околу проширувањето на нивното семејство, и особено родители кои работат а немаат друга алтернатива за чување на децата, се многу зависни од можноста за испраќање на детето во градинка. На тој начин градинките имаат и влијание на наталитетот, односно демографијата во државата, изјави Никола Груевски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com