HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Грција како воена зона, почна да депортира економски мигранти

Видео: Грција како воена зона, почна да депортира економски мигранти

Не завршува хаосот со економските мигранти заробени меѓу границите. Очајот кај овие лица доведува до нетрпелисвост и инциденти особено во Идомени, грчко село лоцирано во непосредна близина кон границата со Македонија.

Грчката полиција утрово на економските мигранти им поделила летоци на неколку јазици со предупредување дека на и околу железничката пруга, каде што е импровизираниот камп на мигрантите кај Идомени, не смее да има ништо. Економските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Алжир, Непал со автобуси се пренесувале до Атина, а од таму во земјите од каде што потекнуваат. Дел од мигрантите прифаќаат да бидат вратени назад, а дел велат дека по секоја цена ќе го продолжат патот кон земји членки на ЕУ.

Дел од медиумите јавуваат дека во граничното село Идомени, кое е на петстотини метри од границата со Македонија, се печатат фалсификувани докменти во кои пишува дека земја на потекло е Сирија а се продавале по 300 евра. Силите на Фронтекст се очекува да се распоредат во понеделник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com