HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Грците искористија емисија на Васко Ефтов од 2011 за да потсетат кој е Никос Грујос

Видео: Грците искористија емисија на Васко Ефтов од 2011 за да потсетат кој е Никос Грујос

eftov-2011

Деновиве на еден грчки портал се појави старо видео, односно исечок од емисија на Васко Ефтов. Емисијата е направена во предизборието 2011-та година, а во неа Ефтов ја обработува тезата дека Никола Груевски е потомок на грчкиот војник Никос Грујос. Ефтов ја завршува емисијата со прашањето: Два дена пред изборите, ви ја упатуваме пораката, дали патриотите кои всушност ве лажеа изминатите пет години се вистинските патриоти и бранители на македонската кауза?

Ефтов пред предвемените парламентарни избори во 2011-та, меѓудругото користи реторика во која ја истакнува поделбата на народот на патриоти и предавници, а е креирана од владејачката гарнитура. Но Ефтов се осврнува и на економијата, односно на компаниите кои завршија во грчки раце како: Стопанска Банка, Жито Лукс, Окта… Тој поставува две прашања. Прво: Каков македонски патриот сте вие ако вашиот дедо така храбро загинал за грчката држава и бил храбар грчки војник? И второ: Каков голем патриот македонски сте вие ако ја продадете македонската економија во грчки раце?

Додека во 2011-та, Ефтов ги препознаваше предавниците помеѓу оние кои глумат патриоти, денеска тој ги бара во редовите на Сорос. Како и да е, погледнете го видеото кое се најде на грчките портали и истите го искористија за да се пофалат со тоа.

P.S. Оние кои се сеќаваат на предизборната кампања 2011, добија одговор на прашањето кое тогаш Црвенковски го постави по етикетирањата од Груевски: „Јас ако работам за србите, Љупчо за бугарите, излези Никола кажи ти за кого работиш?“

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com