HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Грција во паника, по серијата земјотреси – луѓето ја поминаа ноќта на улица

Видео: Грција во паника, по серијата земјотреси – луѓето ја поминаа ноќта на улица

Во текот на вчерашната вечер во Грција биле регистрирани серија на земјотреси. Најсилниот од нив со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во регионот на грчко-албанската граница. Грчкиот геодинамички институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун, а жариштето било на длабочина од 21 километар.
grcija-1
Поради паника и страв од нови потреси жителите на Јанина целата ноќ ја поминале на отворено. Грчките медиуми пренесуваат дека луѓето ги „окупирале“ јавните простори односно парковите и плоштадите, каде што растревожени ги пренесувале своите лични искуства од силниот земјотрес.
grcija-2
МИА денеска објави дека силниот земјотрес бил регистриран и од страна на телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, вчера во 22 часот и 14 минути. На македонска територија, потресот го почувствувале жителите на Охрид, Струга, Ресен и околината.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com