HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Граничната полиција го сопре Динко Валев, Миленко се „спаси“

Видео: Граничната полиција го сопре Динко Валев, Миленко се „спаси“

На македонската граница е задржан Динко Валев или познат како бугарскиот ловец на мигранти кој се закани дека ќе влезе во Македонија за да се пресмета со Миленко Неделковски.

Откако му бил проверен автомобилот во багажникот му е пронајдена нова спомен плоча која сакал да ја постави на истото место каде Миленко ја демолираше наводно нелегално поставена спомен плоча на загинати бугарски војници од Првата светска војна. По голема расправија со граничните полицијаци и поради фактот што ги снимал со мобилниот телефон Динко Валев е задржан.

 

Засега нема информации дали тој повторно ќе се обиде да влезе во земјава и да се пресмета со Миленко, но му се закани дека и да не дојде во Македонија се организираат бугари и поддржувачи кои самите ќе му „одговорат“ на новинарот кој без никаква потреба самиот реши да крши спомен плочи, а згора на тоа и предизвика сериозен конфликт со бугарската јавност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com