Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Гореше европското знаме во Грција – граѓаните поделени

Видео: Гореше европското знаме во Грција – граѓаните поделени

На улиците на Атина на Солун се судрија демонстранти со различни убедувања. Едната група повикувала на референдумот да се гласа НЕ, другата повикувала да се прифатат европските услови, а имало и неопределени. Следбениците на Комунистичката партија повикуваат да не се гласа на референдумот. Генералниот секретар на партијата изјавил дека се поделени неофицијални листови кои луѓето треба да ги додадат во гласачките кутии.
atina-3
Грчката левица ги повика граѓаните да кажат НЕ на условите кои ги наметнуваат кредиторите, а противниците го сфатија тоа како гласање против ЕУ и додадоа дека граѓаните треба позитивно да се изјаснат на претстојниот референдум. И поранешниот премиер Јоргос Папандреу, кој е на чело на нова партија, повика да се гласа за прифаќање на условите.

Во екот на демонстрациите беше запалено и европското знаме.