Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Ѓорчев како жив штит меѓу Заев и гневните напаѓачи

Видео: Ѓорчев како жив штит меѓу Заев и гневните напаѓачи

Во вчерашниот целосен хаос кој го потресе македонското Собрание меѓу најдоблесните пратеници се покажа Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој како жив штит застана да ги одбрани пратениците на СДСМ и албанските партии меѓу кои беа повредените Зоран Заев и Зијадин Села.

Ѓорчев се обидуваше да ги смири напаѓачите кои ги опколија пратениците, ги втурнаа во ќош, маваа кон нив со метални шипки и камерманска опрема и се што им доаѓаше при раце.

Во меѓувреме ниту собраниското обезбедување во цивил ниту полициските службеници не сторија доволно да ги заштита народните избраници и медиумските работници од сериозен напад и практично линч со кој им беше загрозен и животот.