Saturday, Apr 20, 2024
HomeИздвојувамеВидео: Го изгубиле видот, но го добиле „блузот“

Видео: Го изгубиле видот, но го добиле „блузот“

Кога талентот и желбата се големи, не постојат препреки. Тоа го докажуваат „Амаду и Мариам“, музичко дуо од Мали, Африка номинирано за Греми наградите. Амаду Бакајоко (гитара и вокал) роден на 24 октомври 1954-та година во Бамако и Мариам Доумбија (вокал) родена 15 април 1958 година во истиот град.

Амаду го има изгобено својот вид на својата 16-та година додека Мариам го изгубила својот вид во својата 5-та година како последица на нелечени сипаници, но тоа не ги сопрело да станат успешни музичари.

Познати како „Слепиот пар од Мали“, тие се имаат запознаено во институтот за слепи млади лица во Мали во кој заедно пееле во Еклипс оркестарот на истиот институт диригиран од Идриза Соумауро. Помеѓу 1976-та и 1980-та година Амаду свирел гитара во западно Африканскиот бенд „Les Ambassadeurs du Motel de Bamako“. Во 1980-та година тие стапуваат во брак и започнуваат своја заедничка музичка кариера, а воедно Амаду продолжува и со својата успешна соло кариера.

Во 2003-та година тие се контактирани од Ману Чао кој им го продуцира албумот „Недела во Бамако“ во кој се вклучени и неговите вокали.

Од кубански труби до Сириски виолини – нивниот стил е помешан, но во својата земја ги сметаат за „Блузерите од Мали“.