Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Германски новинар се расплака среде емисија – словенечкиот камп за бегалци е како логор

Видео: Германски новинар се расплака среде емисија – словенечкиот камп за бегалци е како логор

Бегалскиот камп во Словенија како нацистички логор. Германскиот новинар кој го посетил кампот за бегалци во Брежице не може да се соземе од ужасната слика која ја видел. Познатиот новинар, Ханс Улрих Јергес, не успеал да ги сокрие солзите во студиото на најгледаното политичко ТВ шоу во Германија.

Според него, словенечкиот камп за бегалци во Брежице е срам за Европа. Тврди дека се работи за „логор“ и дека бегалците ги чуваат како заробеници.
brezice kamp„Пред влезот во логорот се гледаат оклопни возила и водени топови, во близина се вооружени полицајци со штитови и пендреци, а во логорот на земјата седат жените и децата, од кои некои од исцрпеност се онесвестуваат. Тие слики и сега ме прогонуваат. Бегалците таму стануваат заробеници“, раскажал Јергес, кој не успеал да ги задржи солзите во ТВ студиото.

Брежице го споредил со Гвантанамо на Куба. На прикажаната снимка може да се види дека и луѓето заробени кај Брежице самите го споредуваат својот „привремен дом“ со озлогласениот затвор. Овие луѓе пред Јергес сведочеле дека не јаделе ништо и по четири дена, иако словенските службеници му го тврделе спротивното на новинарот. „Тоа е срам на Европа, од кој сите ние би требало да се срамиме“, заклучил новинарот.