HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Geography Now отворено за Македонија, балканските националисти бесни

Видео: Geography Now отворено за Македонија, балканските националисти бесни

gn-makedonija

Geography Now непристрасно претставувајќи ја Република Македонија во најновото едукативно видео привлече огромен бес на балканските националисти кои го негираат македонските идентитет, особено Грците кои се бесни за употребата на официјалното име на нашата земја, како и голем број на аргументи за користење на античката историја со Александард Македонски.

Македонија дојде на ред под буквата F бидејќи како што и сами објаснија од Geography Now го користат азбучниот ред на Обединетите нации каде и Македонија е примена под референцата ФИРОМ, но укажаа голема чест што тие одбраа да не нарекуваат Република Македонија.

Како што се очекуваше ова е за нив досега најкомплицираното видео за обработка поради сложените односи кои Македонија ги има со сите свои соседи, особено со Грција поради спорот со името и со Бугарија поради оспорување на македонскиот идентитет, јазик и народ поистоветувајќи ги како бугарски, а не македонски. ЛЕкцијата е одлична, опфаќајќи многу корисни информации за Македонија претставени на забавен начин кои ќе бидат привлечни за странската публика.

Секако, во коментарите на YouTube не изостанаа навредите од грчките и бугарските националисти па затоа ви препорачуваме да не влегувате во расправа со нив и да исправате „криви дрини“. Секоја пофалба оди на сметка на Geography Now, па погледнете за што станува збор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com