Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВИДЕО: Филмско апсење на најбараниот Србин на сите времиња

ВИДЕО: Филмско апсење на најбараниот Србин на сите времиња

Властите во Перу во соработка со американската ДЕА го упасиле најбарниот Србин на сите времиња 57- годишниот Зоран Јакшиќ, за кого се верува дека бил финансиер и организатор на групата што шверцувала кокаин во Европа, вршела киднапирања и имала платени убијци.

Групата била позната под името „Америка“, пренесуваат светските медиуми. Јакшиќ бил сослушан во Лима, главниот град на Перу. Против него се распишани три меѓународни потерници. Тој користел 46 лажни идентитети и 10 различни пасоши. Јакшиќ го бараат дури 25 земји меѓу кои Германија, Аргентина, САД, Перу, БиХ, Грција, Австралија. Се подготвувал да побегне во Еквадор.