Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Фатена подморница со кокаин вреден 181 милиони долари

Видео: Фатена подморница со кокаин вреден 181 милиони долари

Американската крајбрежна стража успеа да заплени кокаин кој според проценките би имал улична пазарна вредност од неверојатни 181 милиони долари во акција на истокот на Пацификот. Кокаинот бил транспортиран во мала подморница која патувала од Мексико и била за прв пат забележана на околу 200 километри од брегот. Запленетите 6000 килограми кокаин биле наменети за американскиот пазар, но подморниците почнала да потонува навлегувајќи вода, по што итно била извршена акцијата.