Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеВидео: Езерото Туз во Турција – во зима сино, во лето црвено

Видео: Езерото Туз во Турција – во зима сино, во лето црвено

Езерото Туз е второ по големина езеро во Турција, се наоѓа во Централна Анадолија, а тоа што го вбројува меѓу вистинските природни феномени е неговата боја. Ова езеро, како камелеон, ја менува својата боја во зависност од тоа дали е зима или лето. Доколку ја посетите Централна Анадолија во зима, езерото ќе има светлосина боја, но доколку се одлучите за лето, тогаш тоа ќе биде црвено, пишува Telegraf.rs.
ezero1
Директорот на одделението за истражување, Мехмет Саит Којунчу, објаснил дека за овој феномен се заслужни посебни видови на микроалги. “Езерото во посебни временски интервали може да има и темноцрвени тонови. Обилните врнежи го зголемиле нивото на салинитетот, и на тој начин го промениле неговиот биотоп”, рекол Мехмет. Овие микроалги не може да се видат со голо око, и често се користат во козметичката индустрија.
ezero2
ezero3