Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Евакуирана Ајфеловата кула

Видео: Евакуирана Ајфеловата кула

Околината на Ајфеловата кула во Париз и самиот симбол на престолнината се евакуирани и блокирани од силни полициски сили. Како што пренесуваат светските медиуми, нема официјална потврда од полицијата, но на социјалните мрежи се појавија голем број на фотографии кои го потврдуваат тоа.

Сведоците наведуваат дека полицијата и војската се насекаде, но нема паника, а причината за евакуацијата е непозната. Според телевизискиот канал BFMTV наредбата за евакуација е дадена “по наоѓање на напуштен ранец или багаж” во кулата.