Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Ерупција на вулкан во Мексико – Стотина евакуирани

Видео: Ерупција на вулкан во Мексико – Стотина евакуирани

Најактивниот вулкан Колима во западниот дел на Мексико повторно еруптираше со исфрлање на голема количина на чад и пепел, а оваа активност е една од најсилните во последните 100 години.

colima_volcano2

Властите на Мексико извршија и евакуација на стотина жители кои се лоцирани во близина на Колима популарно наречен Вулканот на огнот. „Населбите во радиус од 12 километри на вулканот се мали и не надминуваат повеќе од 800 жители и сите се евакуирани“ изјави Луис Фелипе Пуенти коориднатор на цивилната заштита. Поради високата концетрација на чад затворени се и локалните аеродроми.