Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текВидео: Ерупција на вулкан прв пат снимена со дрон

Видео: Ерупција на вулкан прв пат снимена со дрон

Тим од научници од Универзитетите во Бристол и Кембриџ, со дрон снимиле ерупција на вулканот Фуего во Гватемала. Ова е прва вулканска ерупција снимена на ваков начин, а дроновите им овозможиле на научниците да ја измерат температурата, влажноста и останатите термички параметри во вулканските облаци.

Овој вулкан се наоѓа на надморска височина од 3.700 метри и еруптира на секои три до четири недели. Облаците од пепел и гас што излегуваат во атмосферата ги загрозуваат животите на околу 60.000 луѓе кои живеат во тој регион.