Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Емотивна реакција на далтонист кој за првпат ги гледа боите на зајдисонцето

(Видео) Емотивна реакција на далтонист кој за првпат ги гледа боите на зајдисонцето

Арон Вилијамс-Мел, кој е далтонист, го сподели на YouTube емотивниот момент кога за првпат ги користи очилата EnChroma, кои ги добил како подарок од своите родители. Очилата им овозможуваат на лицата кои се слепи на бои да видат нијанси и бои кои никогаш порано не ги виделе.

Очилата, кои што го подобруваат гледањето на боите кај далтонистите, чинат од 330 до 400 долари, во зависност од стилот, но судејќи според реакцијата на Арон вредат за секој потрошен долар.