HomeДЕНЕШНАСветВидео: Експлозија во германска фабрика, едно лице загина, неколку повредени и исчезнати

Видео: Експлозија во германска фабрика, едно лице загина, неколку повредени и исчезнати

Најмалку еден човек загина, шестмина се повредени, а шестмина се водат за исчезнати при денешната експлозија во германскиот комплекс на хемискиот гигант БАСФ во градот Лудвигсхафен. БАСФ соопшти дека експлозијата се случила околу 11 часот и 30 минути во фабриката „Ландесхафен север“ и предизвикала огромен пожар. Во тек е истрага за причините за експлозијата.

Радио Зјудвеструдфунк јави дека експлодирал танкер, кој се наоаѓал на пристаниште на компанијата на реката Рајна. Пристаништето се користело за товарење на запаливи течности и течен гас.

На местото на несреќата испратени се специјални спасувачки сили. Противпожарната служба предупреди дека е можно во воздухот да се појават опасни материи и да се влоши видливоста во регионот, поради што се апелира до граѓаните на Лудвигсхафен и блискиот град Мајнхам да останат во своите домови. Но, не е препорачана евакуација на жителите.

БАСФ вработува 36.000 луѓе во Лудвигсхафен. Во експлозија на фабриката за амоњак на БАСФ во 1921 година загинаа 600 луѓе, додека при експлозија на танкер во 1948 година загинаа 200, а беа повредени над 3.800 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com