Thursday, Apr 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Едел Пјер од жесток рокер до хиндуистички музички медитатор

Видео: Едел Пјер од жесток рокер до хиндуистички музички медитатор

Сигурно многумина веќе сте го виделе фантастичниот настап на Едел Пјер на украинското шоу „Национален глас“ каде го воодушеви жирито со енергичната изведба на Whole Lotta на Лед Цепелин но, тоа што сигурно малкумина го знаат за французискиот државјанин со руско потекло е дека тој е посветен на Хиндуизмот по семејната несреќа која ја доживеал.

Додека е на сцената е полн со енергија и го привлекува целото внимание со ексцентричниот изглед, а преку ден свири и пее хиндуистичка медитациска музика. Навистина, овие контрасти се неверојатни, па Пјер докажува дека мешањето на културите и традициите може да доведе до фантастична уметност.