Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаВидео: Двајца историчари започнаа со ископувања – го бараат нацистичкиот воз со злато

Видео: Двајца историчари започнаа со ископувања – го бараат нацистичкиот воз со злато

Двајцата историчари аматери кои тврдат дека го знаат местото на кое во подземен тунел е закопан нацистички воз со злато од Втората светска војна, вчера почнале со ископување во Полска. Пиотр Копер и Андреас Рихтер тврдат дека минатата година, користејќи георадар, откриле оклопен германски воз закопан помеѓу Вроцлав и Валбрух. Собрале екипа од 35 луѓе која ќе го врши ископувањето на југозападот на Полска.

Ќе се сконцентрираат на три места во длабочина од шест метри, рекол портпаролот Андржеј Галк. Ќе се сконцентрираат на три места во длабочина од шест метри, рекол портпаролот Андржеј Галк. Резултатите од ископувањето ќе бидат снимени и објавени на интернет, веројатно за два дена, наведува екипата.