Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Драма во Зајечар – пекар пукал во поранешна вработена, а потоа во себе

Видео: Драма во Зајечар – пекар пукал во поранешна вработена, а потоа во себе

Пекар од Зајечар вчера претпладне пред својот локал со три куршуми ја застрелал својата поранешна работничка од која загубил судски спор, а потоа побегнал до агенцијата за недвижности каде си пукал себеси во гради.

Српски Курир дојде до снимката од драмата која се одвивала пред агенцијата за недвижности во која пекарот по убистството на келнерката се забарикадирал. Снимката го прикажува полициското опколување на пекарот кој се наоѓал во агенцијата. Полицајците повеќе пати го убедувале да го остави оружјето и да се предаде, но безуспешно Итната помош го префрлила во болницата во Зајечар каде се наоѓа и жената во која тој пукаше и лекарите моментално се борат за нивните животи.