Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Драма во училиштето 11 Октомври, директорката не ја дава фотелјата – родителите бесни

Видео: Драма во училиштето 11 Октомври, директорката не ја дава фотелјата – родителите бесни

Вистинска драма во основното училиште 11 Октомври. Родители упаднаа во канцеларијата на досегашната директорка, Даниела Костадинова, откако таа одби да ја напушти функцијата и покрај именувањето нов прв човек на ова училиште од страна на советот на родители.

Даниела Костадинова се повика на одлука на според неа сите релевантни институции, обвинувајќи го новиот директор, Васко Лазаревски, за незаконска смена.

Ротителите и се нафрлија видно изнервирани, пред се поради нејзиниот игнорантски однос. Од неа побараа конечно да си замине од училиштето, бидејќи нивните деца биле тероризирани, а директорката се обидела и да сокрие труење на децата, велејќи дека се раширил стомачен вирус. Даниела Костадинова ги обвини родителите за партиска обоеност, а тие одговорија дека единствено интерсот на децата ги обединил.

Камерата на А1он ја сними целата драма.