HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) Драма на предизборниот митинг во Невада – Трамп евакуиран среде говор

(Видео) Драма на предизборниот митинг во Невада – Трамп евакуиран среде говор

donald-tramp-miting-nevada-evakuiran

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, на кратко беше однесен од подиумот за време на предизборен митинг во Рино, во државата Невада. Инцидентот се случил откако еден човек во толпата кренал транспарент со натпис „Републиканците против Трамп“, а некој од толпата извикал „пиштол“. Веднаш потоа човекот кој држел транспарент бил приведен од агентите од обезбедувањето но се испоставило дека кај него немало оружје.

Трамп, видливо мирен, за кратко се вратил на сцената и го продолжил својот говор.

-Никој не рекол дека ќе ни биде лесно, но ние никогаш нема да бидеме запрени, рекол Републиканскиот кандидат, Трамп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com