Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет (ВИДЕО)  Дозволено е селфи во Белата куќа – само без селфи-стап

 (ВИДЕО)  Дозволено е селфи во Белата куќа – само без селфи-стап

 

 

Посетителите на Белата куќа ќе можат да се  фотографираат  за време на своите обиколки . Белата куќа ја укина 40 години старата забрана за фотографирање. Оваа информација во видео снимка на инстаграм  ја објави првата дама на САД, Мишел Обама.

,,Ако некогаш сте биле во посета на Белата куќа сигурно сте виделе еден знак”-вели Мишел Обама во раката држејќи напис ,,Забрането фотографирање и делење фотографии на социјалните мрежи”

,,Тоа повеќе не важи” вели првата дама и го кине натписот.

Од Белата куќа информирале дека во просториите нема да биде дозволено внесување стап за селфи, дозволено ќе биде сликање и снимање со мобилни телефони и помали фото апарати.

Забраната останува за таблети,видео камери и  фотоапарати со статив.