HomeДЕНЕШНАСветВидео: Додека Алепо е катастрофално бомбардиран младите се журкаат

Видео: Додека Алепо е катастрофално бомбардиран младите се журкаат

Тоа што во Сирија, особено во Алепо се водат жестоки битки меѓу владините сили и бунтовниците не е пречка за младите да го продолжат својот нормален живот секако, колку што околностите дозволуваат. Сепак, крвавите напади, бројните жртви и секојдневните страдања не биле пречка за група на млади луѓе во текот на летото да организираат журка во Алепо каде настапил и диџеј.

Журката се одржала во текот на јули кога состојбата беше „помирна“ иако и тогаш Алепо беше на работ на хуманитарна катастрофа со огромен број на цивилни жртви. Според коментарите на социјалните медиуми луѓето кои живеаат во Алепо и онака ја прифатиле опасноста па бараат начини како подобро да го поднесат секојдневието.

Денес Алепо е во уште пострашна состојба додека големите сили меѓусебно се обвинуваат и губат време во решавање на конфликтот дополнително вооружувајќи ги двете страни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com