Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) До каде стигна светот: Норвешка ќе го изгради првиот подводен сообраќаен тунел

(Видео) До каде стигна светот: Норвешка ќе го изгради првиот подводен сообраќаен тунел

Возењето долж норвешкиот брег ќе ви одземе 40 часа, а по тој пат мора да користите и услуги на голем број траекти за стигнување до целта. Тоа е добро доколку имате неколку недели за истражување, но никако не е добро за сите оние кои Норвешка планираат да ја запознаат за неколку денови.

Норвешката јавна администрација за патишта има во план да го реши проблемот со отежнатото патување со тоа што ќе го изгради првиот во светот подводен тунел. Овој тунел ќе биде поставен на 30 метри под вода во Норвешкото море, а со него ќе се скрати 21-часовното патување по сув пат.

Објектот ќе биде од понтони поврзани со платформи, кои ќе обезбедат стабилност на патните правци. Иако со малку нетрадиционален пристап, вработените во локалната администрација велат дека новиот начин на патување нема да се разликува од оној во обичен тунел.

Конструкцијата под површината би можела најмногу да им пречи на бродовите, така што инженерите треба да понудат начин за да се постигне максимално ниво на безбедност во тунелите.

Сепак, оваа идеја нема наскоро да се реализира,- норвешките власти соопштија дека проектот треба да се комплетира до 2035 година, а би чинел околу 25 милијарди американски долари.