HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамВидео: Дали може да се преживее автомобилска несреќа при 290 км/ч ?

Видео: Дали може да се преживее автомобилска несреќа при 290 км/ч ?

1800-hp-camaro-crash

Првото прашање што ви паѓа на памет сигурно би било: дали е можно да се преживее автомобилска несреќа возејќи автомобил со 1800 коњски сили и брзина од 290 км/ч? Управувањето и контролирањето на Chevrolet Camaro возејќи 290 километри на час, дури и во контролирани услови, е премногу опасно. Токму заради тоа е тешко и страшно да се гледа ова видео, во кое што се случува страшна автомобилска несреќа.

1800-hp-camaro-crash-up

Кога возачот излезе на пистата со неговиот Chevrolet Camaro воопшто немаше идеја што ќе се случи во наредните секунди, всушност никој од нас не знаеше. Неговото објаснување за несреќата е дека едно од тркалата се блокирало и тоа било причина за превртувањето и несреќата што се случи.

Chevrolet Camaro е автомобил кој што има особено лоша и слаба структура на шасијата што може да се види од сите тестови, особено во поглед на покривот каде што силата на издржливост е двојно пониска отколку кај просечен семеен автомобил или пак седан.

1800-hp-camaro-crash-at-180-mph

Веднаш по несреќата, момците задолжени за безбедноста стигнаа на лице место и почнаа да го гасат пламенот со апарат за гаснење пожар и да го вадат човекот кој што беше онесвестен. Тој бил пренесен во најблиската болница, а за негова  среќа, тој речиси и да немаше повреди. Неверојатно !!! Другото лице излезе од автомобилот без помош од некого, но и тој за чудо исто така остана без повреди.

Овие момци треба да се заблагодарат на опремата за безбедност инсталирана во Chevrolet Camaro бидејќи никој не беше повреден во оваа несреќа. Возачот треба да се заблагодари на засилената структура на автомобилот, затоа што тоа можеби е единственото нешто што го спаси. Овие момци се многу многу среќни, бидејќи при ваква брзина оваков вид на несреќа обично завршува со 100% смрт.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com