Tuesday, Apr 16, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенис(Видео): Чувството кога ќе освоите меч – без својот рекет

(Видео): Чувството кога ќе освоите меч – без својот рекет

Романската тенисерка Моника Никулеску на овогодинешниот WTA турнир во Гвангжу со неверојатен поен успеа да го добие мечот. Тенисерката рангирана на 49-то место во светот во 2.коло ја победи швеѓанката Ребека Петерсон со 2:0 во сетови (6:3,6:2), а финишот е тој што го украси цело дело.

Никулеску имаше меч топка на сервис на Петерсон, а по шест разменети удари, Романката толку силно го удри топчето, што рекетот и испадна од рацете и заврши надвор од теренот. Швеѓанката успеа да го врати топчето само во мрежата, што значеше дека Никулеску ќе го добие мечот. Во неверување, најпрво отиде да го земе рекетот, а потоа се поздрави со противничката.

https://www.youtube.com/watch?t=27&v=TUskUEmzuvE