Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Чудовишен алигатор како од филм прекина партија голф

Видео: Чудовишен алигатор како од филм прекина партија голф

Џиновски алигатор со големина која ретко се среќава се прошета низ терен за голф во Флорида, а видеото кое е објавено на Facebook од страна на играчите стана вистински хит. Голферот Чарлс Хелмс кој го снимил огромниот алигатор најпрво помислил дека станува збор за скриена камера и со неговиот пријател не можеле да поверуваат дека ова суштество е вистинско.

Алигаторот кој се движи во реонот на голф теренот во Палмето не е агресивен и не е закана за играчите, соопштија од Buffalo Creek клубот.