Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Бурна ноќ во Берлин – Демолирани автомобили, 86 приведени, повредени полицајци

Видео: Бурна ноќ во Берлин – Демолирани автомобили, 86 приведени, повредени полицајци

Повеќе од 120 полицајци се повредени, а 86 демонстранти се приведени по одржувањето на левичарските немири во Берлин кои полицијата ги нарече „најагресивни во последните пет години“.

Демонстрантите фрлале камења, шишиња и петарди, уништувале автомобили и ги напаѓале полицајците, соопшти полицијата, пренесе „Асошиетед прес“. Засега не е јасно колку се сериозни повредите на полицајците, како ни тоа дали има повредени демонстранти.

На левичарскиот собир кој почна синоќа и траеше до утринските часови учествуваа околу 3.500 демонстранти. Левичарските активисти ги организираат протестите против полициската интервенција од минатиот месец против бесправно вселените станари во зградите во источниот дел од Берлин, наведува „Асошиетед прес“.