Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулВидео: Буфон во солзи, Кедира се обиде да го утеши

Видео: Буфон во солзи, Кедира се обиде да го утеши

Германците немаа ниту една победа во официјален меч на големите натпреварувања.. се до вчера. Избраниците на Јоаким Лев конечно го срушија проклетството, елиминирајќи ги „аѕурите“ во пенал рулетот откако регуларните 90 минути завршија со 1-1.

Солзи и разочарување во поразениот табор, посебно кај Џиџи Буфон за кој речиси е сигурно дека ова беше последен континентален собир. Матео Дармијан не погоди, за потоа одлучкувачкиот шут да биде во рацете на Хектор. Буфон беше близу до одбрана а топката му мина низ раце за елиминација на Италија. Непосакуваниот епилог донесоа многу солзи, а Кедира не можеше да остане рамнодушен на разочараниот голман и проба да го утеши.