Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Босна под вода – портокалово предупредување

Видео: Босна под вода – портокалово предупредување

Во Босна и Херцеговина веќе неколку дена непрекинато паѓа дожд, а поради поплавите на сила е портокалово предупредување. Најкритично е во Мостар и Читлук каде што се блокирани голем број возила. Надлежните интервенираат со испумпување на водата од улиците и дворовите.

И Хрватска се наоѓа во слична состојба, а за наредните денови метеоролозите прогнозираат обилни врнежи, што може да значи потенцијална опасност од поплави на целиот Балкан.